Утрински Весник
Свет

Рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

Рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

Бројот на починати на коронавирус во Бразил се зголеми за 3.251 во последните 24 часа, што е рекорден број на пријавени смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, анализираат медиумите во таа земја.

Досега вкупно 298.676 граѓани на Бразил починале како резултат на коронавирусот, пренесуваат агенциите.

Во последните 24 часа и во Украина се регистрирани 342 смртни случаи од последици на коронавирусот, што е највисоко од почетокот на пандемијата за еден ден.

Министерот за здравство, Максим Степанов, рече дека се пријавени нови 14.174 случаи на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Во оваа земја, коронавирусот е регистриран кај 1,57 милиони луѓе, а починале 30.773 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија