Утрински Весник
Македонија

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија
300x250 (7)

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува, одговори бугарскиот премиер, Кирил Петков, на прашање на бугарската телевизија БТВ за тоа дали бугарската влада разговарала со амбасадатата на САД во однос на ова прашање.

Освен за непостоењето на македонско малцинство во Бугарија, Петков порача и дека постои усогласен став на бугарската политика, потврден од Консултативниот совет за национална безбендост пред една недела, дека позицијата на Бугарија кон Севрна Македонија не е променета, туку е само надградена со работни групи.

300x250 (7)

Од друга страна, тој го потврди инсистирањето и условувањето на бугарската страна, бугарското малцинство во Република Северна Македонија да влезе во Уставот на земјата, додавајќи дека никогаш не навел точен рок за решение на спорот.

„Ова треба да биде во функција само со резултат врз основа на овие работни групи. РСМ ќе влезе во ЕУ кога позицијата на Бугарија ќе биде усогласена. Сакаме Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот Устав“, изјави Петков во одготворот за БТВ, а во врска со компромисите на кои Бугарија е подготвена да ги направи рече дека може да биде иницијатор за пуштање на авио-линија Софија-Скопје како прв чекор.

Ss1

Можете да прочитате

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Еве кои денови се неработни наредна недела

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“ на Кинотека