Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ од август воведува нова опција „додај дом“

„Нетфликс“ толку многу се противи на можноста корисниците да ја делат претплатата што воведе нова функција.

dobivaj vesti na viber

Со новововедената опција ‘add a home’ („додај дом“), стриминг-платформата им овозможува на корисниците да купуваат дополнителни „домови“ за да можат да ги споделат своите сметки со други домаќинства. Секој дом ќе има месечен надоместок од 2,99 долари покрај редовната претплата.

И ако мислите дека можете да се извлечете со споделување на вашата сметка без да купите „додај дом“ – грешите. Нетфликс ќе ги скенира уредите на корисниците и активноста на нивните профили во обид да открие кога нивните логирања се користат на повеќе од една локација.

Стримерот исто така ќе ги проверува информациите како што се IP адресите и идентификациите на уредите и ќе бара од корисниците да платат дополнителна такса кога ќе најде логирања во други домаќинства.

Функцијата ќе биде пуштена во употреба од август во одредени земји за брз тест. Доколку тестовите бидат успешни, „додадете дом“ ќе биде достапен во повеќе земји.

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца