Како претседателка на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, сакам да ја информирам јавноста, а особено наставниците и стручните соработници дека за утре, 18, февруари закажав продолжение на седницата на која треба да дискутираме за Предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ
Таа истакна дека овој Закон предвидува квалитетно решение за работниот однос на над 4700 вработени во училиштата кои со години работат, а не можат да го трансферираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.
Лазаребска изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокираа Законот и работеа на штета на наставниците и стручните соработници кои поради ваквиот неодговорен однос, речиси цела година земаат пониски плати.
Бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ исто такво решение доставија во собраниска процедура, со што признаа дека станува збор за добар закон, ги повикувам и апелирам до нив на утрешната седница да бидат конструктивни и конечно да почнат да работат во интерес на граните, додаде Лазаревска.