Утрински Весник
Магазин

Павле Камилоски и вина од Душа на зајдисонце во х.Олгица на 10 јули

Img 8427.jpeg

Елегантни канцони, премиум вина и поглед кон зајдисонцето ќе ја одбележат музичката вечер со Павле Камилоски на терасата на Queen’s Sunset Bar во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.

Камилоски пред охридската публика ќе настапи со репертоар исполнет со медитерански мелодии, романтични композиции и препознатливи канцони, во амбиент создаден за опуштена летна вечер покрај езерото.


Настанот е организиран во соработка со винаријата „Душа“, чии премиум вина ќе бидат дел од понудата за посетителите.

Спојот на музиката, виното и погледот кон Охридското Езеро треба да создаде интимна атмосфера во која гостите ќе можат да уживаат во настапот и во летното зајдисонце.

Павле Камилоски е познат по своите изведби на италијански и медитерански канцони, како и по настапите во кои класичниот романтичен звук го доближува до современата публика.

Вечерта на терасата на Queen’s Sunset Bar е најавена како музичко и винско доживување за сите што летото во Охрид сакаат да го почувствуваат низ добра песна, чаша вино и поглед кон езерото.

Можете да прочитате

Дали навистина постои разлика помеѓу фактор 30 и фактор 50?

Ставете го ова растение на тераса и комарците ќе бегаат

Овие лица не смеат да јадат лубеница: Еве зошто може да биде погубна за здравјето