Утрински Весник
Македонија

Кривична за прилепчанец кој земал неколку илјади евра со лажно ветување дека ќе обезбеди визи за САД

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.М. од Прилеп, поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Во февруари минатата година пријавениот остварил контакт со 62-годишниот Г.С. и му ветил дека може да му обезбеди визи за САД, за неговата ќерка и нејзиниот партнер.

Потоа, во неколку наврати Г.С. му дал 1.600 евра на 38-годишникот, но и по една година визите не им биле обезбедени, по што ги побарал парите назад.

Пријавениот не му ги вратил парите, а кога му се јавувал на телефон, почанaл да му упатува закани, по што случајот бил пријавен во полиција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Уапсен старец од Свети Николе, го покажувал својот полов орган на малолетни момчиња

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање