Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија: Заев да определи термин за одговори на прашањa од вонпарламентарните партии

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име
300x250 (7)

Партијата Единствена Македонија ја поздравува, како што вели, агилноста на Зоран Заев да ги прикажува во јавноста состојбите во земјата според свое наоѓање преку исцрпно одговарање на пратенички прашања во Собранието, а синоќа на Македонската телевизија и преку одговарање на прашања од уредници на медиуми во земјата.

Затоа, Единствена Македонија силно го охрабрува Заев сега да определи термин да одговара на прашања и од вонпарламентарните партии.

Ss1

„Веруваме Заев ќе се сложи дека сето ова е во функција на натамошно усовршување на демократијата дотолку повеќе што и вонпарламентарните партии се активни чинители во политичкиот живот и носат одговорност за состојбите во земјатам заради што е потребно пренесување на барањата и на гласачите на вонпарламентарните партии преку поставување на прашања до Заев. Зоран Заев нема зошто да се плаши и вонпарламентарните партии да му поставуваат прашања, се разбира, доколку навистина е определен да работи чесно и искрено во интерес на народот“, велат од Единствена Македонија преку соопштение.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk