Утрински Весник
Свет

Илјадници мигранти на Лезбос трета ноќ под отворено небо

Илјадници мигранти на Лезбос трета ноќ под отворено небо
300x250 (7)

Илјадници мигранти и бегалци кои останаа без покрив над главата поради пожар во прифатниот камп на островот Лезбос, трета ноќ поминаа под отворено небо.

Обидувајќи се да се заштитат од топлoто време преку ден и од значително пониските температури во текот на ноќта, некои од нив имале на располагање шатори и вреќи за спиење, додека други можеле да користат само ќебиња или трски што ги исекле за таа намена.

300x250 (7)

Грчките власти соопштија дека пожарот, кој избувна во преполниот камп две последователни ноќи, всушност го подметнале некои негови жители кои биле бесни поради мерките за изолација, воведени откако 35 лица сместени во тој објект биле позитивни на коронавирус.

Максималниот капацитет за сместување на кампот е околу 2.800 места, но бројот на неговите жители надминал 12.500.

Првиот пожар, што избувна во вторникот вечерта, остави без покрив над главата околу 3.500 мигранти, на кои грчките власти итно им дадоа помош и потребно сместување, но следната вечер изгоре остатокот од кампот, па затоа голем број мигранти останаа без сместување.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пекас пред два дена објави дека, освен 406 деца-мигранти и тинејџери кои пристигнале во Лезбос без придружба, никој од жителите на уништениот камп нема да може да го напушти островот.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема