Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски ги посети ноќните дежурни служби

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски ги посети ноќните дежурни служби

Ресен, 27 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, синоќа оствари посета на ЈЗУ Здравствен дом-Ресен и на дежурните од полициската станица во тој град.

Во ЈЗУ Здравствен дом-Ресен, Гошаревски оствари работна средба со директорката Сања Андоновска која го информира со активностите кои се превземаат и ќе бидат превземени во наредниот период, а се однесуваат на заштитата од вирусот Ковид-19.

Во текот на ноќта, градоначаланикот Гошаревски ги посети и трите полициски пункта во Ресен, на дежурните полициски екипи им додели заштитни маски и средства за дезинфекција и им се заблагодари за нивниот ангажман и преземени мерки од нивна надлежност. мт/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив