Утрински Весник
Магазин

Во Загреб се трага по побегнат кралски питон

Во Загреб се трага по побегнат кралски питон

Во Загреб се трага по змија од видот кралски питон која исчезнала од дворот на сопствениците.

„Станува збор за тригодишна женка по име Зое, која е долга околу еден метар. Таа се сончала во градината, но нејзината сопственичка на кратко го оттргнала вниманието, по што змијата отползила во непознат правец“, напишаа од Центарот за животни „Думовец“ во објава на „Фејсбук“.

Настанот се случил во понеделникот, но по безуспешните обиди за пронаоѓање на питонот, сопственичката се решила да попабара помош од сограѓаните и од Центарот за животни.

Од Центарот апелираат граѓаните да не се плашат од змијата и да ги повикаат доколку ја забележат.

„Јавете ни се и ние ќе веднаш ќе ја преземеме. Иако Зое веројатно не би ви направила ништо, бидејќи таа е животно што не го познавате, не ја допирајте“, напишаа од Центарот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување