Утрински Весник
Свет

Четири лица загинаа во напад со дрон врз Новоросијск, Русија

D99a1e21 a25c 4e18 9370 9a73cea45d46.webp.webp

Четири лица загинаа, а 29 се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот град Новоросијск , потврди гувернерот на Краснодарската област Венијамин Кондратиев. Меѓу загинатите е и едно дете. Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и жито, објави Ројтерс .

Градоначалникот на Новоросијск, Андреј Кравченко, изјави дека остатоците од дронот паднале врз просториите на неколку компании и во близина на станбена зграда, а регионалните власти објавија дека избувнале пожари по нападот.

Во Анапа, друг град во истиот регион, остатоците од беспилотни летала оштетија три приватни куќи и една градинка. Гувернерот Кондратјев потврди дека нема повредени во Анапа.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот