Утрински Весник
Свет

Дете почина, а над 800 луѓе завршија во болница по специјална понуда за поевтини сендвичи во Јордан

Дете почина, а над 800 луѓе завршија во болница по специјална понуда за поевтини сендвичи во Јордан

Петгодишно дете починало, а повеќе од 800 луѓе биле пренесени во болница, поради труење со храна во Јордан.

Тие јаделе расипано месо во ресторан на периферијата на главниот град, Аман, соопшти денеска Министерството за здравство.

Локалните медиуми објавија дека ресторанот предиодов имал специјална понуда – сендвичи со месо по цена од еден јордански динар (околу 74 денари) наместо вообичаените 1,85 динари.

Министерството за здравство соопшти дека 826 лица биле пренесени по болниците по првичните симптоми на труење во понеделникот вечерта, и додаде дека сите јаделе во истиот ресторан.

Инспекцијата утврдила присуство на бактерии во месото, кое не било соодветно чувано во фрижидери.

Во врска со случајот приведени се три лица, меѓу кои и сопственикот на ресторанот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина

Немирите се шират низ Италија, малолетници се судрија со полицијата во неколку градови

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот