Утрински Весник
Економија

(Видео) Лазаров: Економијата ќе ја проектира иднината, а не историјата

(Видео) Лазаров: Економијата ќе ја проектира иднината, а не историјата

Кирил Лазаров, претседателот на Македонско – бугарската стопанска комора, претпладнево во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците се повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Бугарија.

– На границата е сменет односот, не заради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Конобарот ќе те праша таму „Как,в си?“ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и Боровец, ќе одам на Копаоник и Златибор. Но како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала, рече бизнисменот.

Претседателот на македонско-бугарската комора Кирил Лазаров смета дека топката помеѓу двете земји е спуштена и дека новата власт во Бугарија ќе донесе позитивни промени во макдонско бугарскиот спор и очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.

(ПР-текст)

Можете да прочитате

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари