Утрински Весник
Спорт

Барселона „десеткувана“ пред мечот на сезоната

Барселона „десеткувана“ пред мечот на сезоната
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен има големи проблеми со составот пред вечерашниот дуел ос осминафиналето во ЛШ против Наполи, на „Ноу Камп“. Шпанските медиуми јавуваат дека Каталонците ќе бидат ослабени со неиграњето на десетина фудбалери.

Последниот од играчите кои нема да играат на реваншот е Дембеле кој цела сезона се мачи со повреди.

Најголемиот удар за Каталонците е секако неиграњето на Серхио Бускетс, Самуел Умтити и Артуро Видал.

Сепак, позитивно е што на теренот се враќаат Антоан Гризман и Клемент Ленгле.

За мечот против Наполи конкурираат дури 8 јуниори, меѓу кои најпознати се Рики Пуи и Ансу Фати.

Од друга страна, Џенаро Гатузо има неколку неизвесни фудбалери – Манолас, Максимовиќ и Инсиње.

Првиот дуел од осминафиналето во Неапол, пред пандемијата на коронавирусот заврши 1-1, а реваншот е вечерва од 21 часот.

> Барселона „десеткувана“ пред мечот на сезоната <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност