Утрински Весник
Свет

Ново жариште во Германија – матуранти се заразиле на одмор во Хрватска

Ново жариште во Германија – матуранти се заразиле на одмор во Хрватска
Img 5587

Германските здравствени власти открија ново жариште на коронавирус во дистриктот Гепинген, северно од Штутгарт. Станува збор за матуранти кои, како што јавуваат германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска.

Германскиот портал Т-онлајн.де пренесува дека коронавирусот е потврден кај десет матуранти по враќањето од Хрватска. Тие биле на островот Паг, а патувањето им било организирано од туристичка организација специјализирана за патувања за забава.

300x250 (7)

Порталот пишува дека матурантите почувствувале симптоми по враќањето дома. На одмор биле 15 лица, а 50 нивни контакти се во изолација.

Шефот на заводот за јавно здравје на дистриктот Гепинген, Хајнц Пехлер, рекол дека коронавирусот се почесто сè детектира кај лица кои се враќаат од Балканот.

„Овој случај јасно го покажува ризикот од патување и организирање забави во ек на пандемија и тоа како вирусот може брзо да се прошири во една група“, рекол Велт.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина