Утрински Весник
Македонија

Лажен службеник му ветил дека ќе му го врати запленетото злато и му зел 28.700 евра

Pari.webp.webp

На 15.07.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, маж од скопско пријави дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од едно машко лице бил измамен за сума од околу 28.700 евра.

Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа морал да плати.


Пријавителот му ги дал парите, но подоцна сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Поднесено обвинение против шест лица за измами со брзи кредити

Тетовец со 2,49 промили алкохол и нож сакал да ограби казино

Обвинителство за „Тотал“: Предметниот јавен обвинител морал да изврши преквалификација поради наодот од супервештачењето, а со тоа настапи и апсолутна застареност