Утрински Весник
Македонија

Седум лица добија казни од по 2.000 евра за непочитување на полицискиот час

Поднесено обвинение за трговија со дрога​
300x250 (7)

Седум лица добија парична казна од по 2.000 евра за непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот.

Ss1

Надлежен јавен обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на износ од 20 евра во денарска противвредност.

Скопското обвинителство денеска поднесе и два обвинителни предлога против две лица, за кривично дело – Фалсификување исправа. Обвинетите на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при чекирање за лет употребиле како вистинити лажни сертификати за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории и дека не им бил издаден таков сертификат.​

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби