Утрински Весник
Свет

Над сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во маркети во Германија

Izrezakgd 1.png

Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во кутии со банани, пренесува Билд, повикувајќи се на полициски извори.

Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин.

Полицијата во моментов врши увид со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, како и тоа во колку продавници ја има.

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот