Утрински Весник
Македонија

Општина Виница доби 8,5 милиони денари за регулација на Градечка Река

Општина Виница доби 8,5 милиони денари за регулација на Градечка Река
Ss2

Кочани, 1 јуни 2020 (МИА) – Општина Виница доби грант од 8,5 милиони денари за реализација на проектот за регулација на коритото на Градечка Река, на делот што поминува низ градското подрачје.

Средствата се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за управување со води во 2020 година, а за што градоначалникот Ивица Димитров денеска потпиша и договор.

300x250 (7)

-Вкупната вредност на целиот проект за регулација реката е близу десет милиони денари, односно разликата ќе ја кофинансира Општина Виница од сопствената буџетска сметка. Задоволен сум од сумата што ја добивме од ресорното министерство и очекувам со овие средства да уредиме еден добар дел од коритото, со што овој дел од Виница ќе добие нов, урбанизиран изглед, со можност да прерасне во шеталиште за гарѓаните, истакна градоначалникот Ивица Димитров.

Според проектот за регулација на речното корито, предвидено е да се изгради кејски ѕид од левата страна, на потегот од сообраќајниот мост за селото Лески до излезот на реката од урбанизираната зона. Вкупната должина на која ќе се работи е околу илјада метри, а реализацијата на терен ќе почне по завршувањето на постапката за избор на изведувач. та/оџ/

 

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ, ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

По изборите, ќе има внатрепартиски избори, најави Ковачевски

Петровска: Делата зборуваат погласно од зборовите, го зголемуваме бројот на транспортните возила на Армијата