Утрински Весник
Македонија

Невработен прилепчанец земал државен грант за да основа фирма, но парите ги потрошил за други цели

Кривична против охриѓанец кој затаил данок во висина од над два милиони денари
Ss2

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против извесен Д.С. (38), како и против фирма од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела – измама при добивање кредит или друга погодност.

Како што информираат од МВР, 38-годишникот во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна корист, поднел апликација за активна мерка и пријава за користење на грант.

По одобрување на апликацијата основал фирма од Прилеп и склучил договор со Агенција за вработување и УНДП по коj искористил средства за директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на државниот буџет, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година била ликвидирана.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула