Утрински Весник
Свет

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми
300x250 (7)

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), се заложила за можност за целосна забрана за патување со цел да се намали бројот на новозаразени, пренесуваат германските медиуми.

„Работата ни излегува надвор од контрола. Мора да ги заостриме мерките или за 14 дена ќе бидеме повторно таму каде што бевме. Не можеме ли да го забраниме патувањето?“, рекла Меркел за време на видео-конференција со водечките политичари на ЦДУ во сојузните покраини, известува дневникот „Билд“ повикувајќи се на информации од учесниците на состанокот.

Ss1

Меркел го посочила фактот дека за време на Божикните празници, 50.000 Германци дневно патувале на Канарските острови и Малдивите.

„Треба да го разредеме воздушниот сообраќај, така што ќе не може да се оди никаде“, рекла Меркел, според учесниците на состанокот, а истовремено ја споменала можноста за затворање на границите, како што беше случај минатата пролет.

На истиот состанок, таа го довела во прашање ублажувањето на мерките за зклучување по 15. февруари. Како причина за сè уште тешката состојба, и покрај падот на бројот на новозаболени, Меркел го навела појавувањето на новиот мутиран коронавирус кој се шири со многу побрзо темпо.

Доколку дојде до олеснување на мерките по средината на февруари, Меркел смета дека прво треба да се отворат градинките и училиштата, па малопродажбата и на крајот угостителските објекти.

Строги мерки на затворање се на сила во Германија до средината на февруари, вклучително и забрана за работа на скоро сите малопродажни, угостителски, културни и спортски објекти.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење