Утрински Весник
Спорт

Зидан контра „Марка“ – Јовиќ ќе остане во Реал

Зидан контра „Марка“ – Јовиќ ќе остане во Реал
300x250 (7)

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан на прес-конференцијата одржана пред утрешниот натпревар со Алавес ги демантирал пишувањата на медиумите дека Лука Јовиќ ќе биде продаден во преодниот рок.

„Марка“ во своето денешно издание тврди дека во Реал повеќе немале трпение за глупостите што ги прави Јовиќ надвор од теренот и дека поради тоа ќе биде продаден.

Ss1

„Се надевам дека многу бргу ќе се смени ситуацијата со Јовиќ. Тој не е задоволен од начинот на кој се одвиваа некои работи, беше и повреден…Јовиќ е одличен фудбалер, напаѓач кој постигнува голови, но не играше многу сезонава. Сметаме на него и за наредната сезона. Ќе видиме како сето тоа ќе изгледа“, рекол Зидан.

Реал утре од 22 часот ќе го пречека Алавес. „Кралскиот клуб“ на табелата со натпревар помалку има бод повеќе од Барселона.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“