Утрински Весник
Спорт

Од следната сезона натпреварите од Ла Лига ќе се играат во САД

O 1830916 1024.jpg
Img 5587

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас во интервју за „Експанзија“ даде неколку интересни коментари.

Тамошната јавност најмногу ја коментираше изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид.

Ss1

Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден.

Овој детал Тебас го откри додека ја коментираше приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.

Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе шокантна вест за сите љубители на фудбалот.

Имено, од сезоната 2025/26 некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД.

Тоа значи дека следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американско тло.

-САД се втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Останатите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат – изјави Тебас.

Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби помеѓу Барселона и Жирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами