Утрински Весник
Спорт

Во Ферари признаваат дека имаат „фундаментален“ проблем со болидот

Во Ферари признаваат дека имаат „фундаментален“ проблем со болидот
300x250 (7)

Тифозите треба да се подготват за уште една лоша сезона на Ферари, откако шефот на тимот, Матија Биното призна дека СФ21 болидот има „фундаментални проблеми“ кои е невозможно да се решат оваа сезона.

Ферари првпат оваа сезона не освоија поени во една Ф1 трка на Пол Рикар во Франција, каде што Карлос Саинс Јуниор беше 11., а Шарл Леклер само 16., и се веруваше дека главниот проблем беше во оддржувањето на притисокот во гумите.

300x250 (7)

„Знаевме дека ќе страдаме на Пол Рикар, каде што брзите кривини поставуваат голем притисок на гумите. Дали можеме да ги надминеме тие проблеми со едноставен развој на болидот? Најверојатно можеме да ја подобриме ситуација, но за повеќето работи се потребни промени на работи кои не се дозволени со сегашните регулативи. Најважно е да сфатиме кои се проблемите и да ги решиме за следната сезона. Овие проблеми ќе се повторат на некои трки, но не на сите“, признава Биното.

> Во Ферари признаваат дека имаат „фундаментален“ проблем со болидот <

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер