Утрински Весник
Спорт

Великанот Леб со драматична победа над Ожие во Монте Карло

Великанот Леб со драматична победа над Ожие во Монте Карло
300x250 (7)

Легендарниот Себастиен Леб стана најстариот победник на едно рели од ВРЦ шампионатот, откако стигна до фантастична победа на Монте Карло релито пред својот француски сонародник и стар ривал Себастиен Ожие во неделата.

47-годишниот Леб, неодамна беше дел од Дакар релито, ја стартуваше претпоследната етапа од првото рели во сезоната со заостанување од половина минута зад Ожие во Тојота, но неговиот ривал немаше многу среќа кога му се дупна гумата и го препушти водството на Леб.

Ss1

Откако цела кариера возеше со Ситроен, ова е прва победа на Леб зад воланот на Форд Пума, за на крајот да заврши со 20.5 секунди предност пред Ожие за осми триумф во Монте Карло. Ирецот Крег Брин во втората Форд Пума заврши како трет со 1:19.3 заостанување.

> Великанот Леб со драматична победа над Ожие во Монте Карло <

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!