Германија е една од најуспешните фудбалски нации во светот. Четири пати Германците биле светски шампиони (1954, 1974, 1990, 2014). Интересно германските фудбалери сите успеси ги постигнале со главната, бела гарнитура на дресови.
Германското знаме е во црна, црвена и жолта боја. Зошто тогаш фудбалерите како основна варијанта ја носат белата боја?
Тие ја избрале бела боја врз основа на знамето на Кралството Прусија, кое сочинуваше две третини од Германската империја помеѓу 1701 и 1945 година, и имаше крст на бело поле, а подоцна и црн орел.
Репрезентацијата е основана во 1899 година, а традицијата на бели дресови ја продолжиле и откако Прусија престанала да постои во 1947 година со одлука на сојузниците.
Покрај белата, на пруското знаме доминираше црната, која е најдоминантна боја во резервниот комплет на Германија.
Germany’s white and black kit derives from the flag of Prussia. pic.twitter.com/tkemNVv29N
— Martin Kelly Part of the #AntiGrowthCoalition (@giftednumber10) June 20, 2021
А резервните дресови на Германија често се зелени, за што има уште една необична причина.
По Втората светска војна, кога Германија беше поразена, само Ирска прифатила да игра пријателски натпревар против нив.
Како израз на благодарност и почит кон Ирците, чии дресови се зелени, репрезентативците на тогашна Западна Германија решиле нивните резервни дресови да бидат во зелена боја.
Германија на СП во Катар, утре ќе го игра решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето, против селекцијата на Костарика.