Утрински Весник
Спорт

ЗОИ2026: Златото на Мејар прво за Швајцарија во слалом од 1948

20260216170024 big 730x400 84.webp.webp

Со денешниот триумф на патеката во Бормио, Швајцарецот Лоик Мејар ѝ го донесе на својата земја првиот златен олимписки медал во слалом по пауза од 78 години.

Швајцарија чекаше на олимписко злато во слалом од Игрите во Сент Мориц во 1948 година, кога во оваа дисциплина триумфираше Еди Рајналтер.

Осум децении подоцна, неговиот сонародник Мејар го повтори успехот на Зимските олимписки игри 2026, триумфирајќи денеска пред Фабио Гштрајн од Австрија и Хенрик Кристоферсен од Норвешка.

Слаломската трка на патеката во Бормио донесе драматична разврска кога првопласираниот по првото везење со предност од 58 стотинки, Норвежанецот Атле Ли Мекграт, веќе на самиот старт во второто возење направи грешка и остана без пласман.

Мекграт, потоа, резигнирано ја мина безбедносната ограда и пеш се упати кон блиската шума за да ги смири емоциите.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026