Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: ОЈО Скопје назначи јавен обвинител за контакт за предмети поврзани со безбедноста на новинарите

ЗНМ: ОЈО Скопје назначи јавен обвинител за контакт за предмети поврзани со безбедноста на новинарите
Ss2

Гаврил Бубевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје ја назначи Искра Хаџи Василева јавната обвинителка од истата институција како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје.

dobivaj vesti na viber

Одлуката која пристигна на адреса на ЗНМ е донесена врз основа на заклучоците од состанокот на Бубевски со претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), што се одржа на 27.05.2022 година.

Ss1

ЗНМ со години наназад постојано работи на кампањи за кревање на свеста за состојбата на новинарите и медиумските работници каде што акцентот е ставен безбедноста на новинарите како и на проблемот со неказнивост на напаѓачите. Токму заради овие причини, една од препораките на ЗНМ до ОЈО Скопје беше формирање на посебно одделение со цел да се зголеми безбедноста на новинарите. Сето ова е во согласност со препораките на Совет на Европа со крајна цел – да се иницираат системски промени за подобрување на моменталната состојба.

Јавната обвинителка Хаџи Василева има надлежност да го следи постапувањето во предметите во кои во својство на оштетени, сведоци или пријавени лица се јавуваат новинари кои ги извршувале своите работни задачи.

Во одлуката се вели дека ОЈО Скопје и останатите јавни обвинителства ќе даваат приоритет во постапувањето по предметите поврзани со безбедноста на новинарите и ќе продолжат во оваа насока да ја унапредуваат соработката со новинарските здруженија, со цел да се санкционира секое кривично-правно загрозување на слободата на изразување.

Ss1

Можете да прочитате

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!

Маричиќ: Ако сте станале милионери од плата, значи не сте заработиле чесно и не може да сте во судскиот систем или во политиката

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ