Утрински Весник
Македонија

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

20241130160512 Big 730x400 91.webp.webp

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика за медиуми во Македонија (СЕММ) преку соопштение ги повикаа новинарите и медиумските работници да го почитуваат Кодексот на новинари, особено во контекст на неодамнешните настани што поттикнаа јавна дебата и реакции. Во вакви ситуации, како што се псочува, кога се зголемува ризикот од национална нетрпеливост и омраза, новинарите имаат обврска да известуваат објективно, професионално и со јасна намера за промовирање на смиреност и разбирање.

-Новинарите треба да се воздржат од користење на националистичка реторика или сензационализам кои можат дополнително да ги ескалираат тензиите во јавноста. Наместо тоа, потребно е да се фокусираат на подигнување на свеста за последиците од говорот на омраза, како и на промоција на дијалог и почитување на различностите. Медиумите, вклучително менаџментот и сопствениците се клучен инструмент за градење на толеранција и меѓусебно разбирање во општеството, се наведува во соопштението.

Во контекст на сензитивните прашања, како што е националната симболика, ЗНМ и СЕММ потсетуваат дека новинарите имаат обврска да се раководат од фактите и да го избегнуваат ширењето на шпекулации или пристрасни ставови. Уредничките одлуки во вакви моменти, се додава, треба да се водат од принципите на одговорно новинарство, чија главна цел е зачувување на јавниот интерес и избегнување на дополнителна поларизација на општеството.

Дополнително, се апелира до новинарите да внимаваат и на својата комуникација на личните профили на социјалните мрежи, имајќи предвид дека и таму се перципираат како јавни личности и медиумски професионалци. Одговорното однесување на сите платформи, наведуваат, е суштински дел од нивната професионална улога, а и во сооднос со начелата од Кодексот.

-ЗНМ и СЕММ апелираат до медиумските професионалци да останат посветени на етичките стандарди и да ја препознаат својата клучна улога во создавање на информативен и инклузивен медиумски простор, стои во соопштението.

Можете да прочитате

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“

Струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола

Претрес во скопско Арачиново, приведено едно лице, пронајдени над два килограми марихуана