Утрински Весник
Спорт

Златен медал за таеквондистката Ведрана Тунески во Тирана

237107 Zlato Za Taekvondiskata Vedrana Tuneski Vo Tirana.jpg

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм.

До златото, таа стигна со четири убедливи победи, вклучувајќи го триумфот против актуелната светска кадетска шампионка Вирџинија Ламптис од Италија.

Покрај неа, ги победи уште Милјана Јовичиќ од Црна Гора, Аурора Парисела од Италија и Дијаз Гомес од Шпанија. 

Ведрана Тунески е освојувач и на бронзен медали од Европско пионерско првенство. Е2 е највисоко рангиран младински таеквондо турнир во светот.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука