Утрински Весник
Македонија

ЗИМСКО ВРЕМЕ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ ОД СРЕДИНАТА, И ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА ОВОЈ МЕСЕЦ: На алпите ќе падне и до еден, а на планините на Балканот и до половина метар снег

Screenshot 2024 03 05 074747.webp.webp
Img 5587

Метео анализа на Славчо Попоски:

Веќе повеќе од една седмица најавуваме нагла и екстремна промена на времето која долги години не се случила кај нас, односно на Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја  и Македонија. Се работи за силен и многу ладен Атмосферски фронт кој преку Атлантикот, потоа од северозападна Европа, па се до централните предели на континентот ќе го зафати и нашиот дел и ќе услови пад на температурите дури за 15 до речиси 30 степени во споредба на оние кои ги имаме сега.

Img 5587

Промената на времето ја очекуваме од ноќта вторник кон среда, а особено од среда. Ќе имаме врнежи од дожд, локално обилни и проследени со појава на грмежи. Поради тоа што ладниот Атмосферски фронт ќе пристигне на топла  и загреана Атмосфера, ќе дојде до создавање на грмотевични облаци на повеќе места на Балканот, како и во Македонија, па така локално ќе има и појава на силно невреме, проследено со олуен ветер, силни грмежи, обилен пороен дожд, како и локална појава на силен град. Во ваква состојба препорачуваме крајна претпазливост.

Поради падот на температурите, на планините  и на повисоките места во регионот, како и во Македонија со овој продор на ладен воздух од средината на месецов, па и во втората половина на месецов очекуваме врнежи од снег и формирање на снежна покривка. Позначителна снежна покривка ќе се формира на повисоките планини (дури од 30 до 50 cм). Кај нас во Македонија од 10 до 15 cм, локално може и повеќе.

Секако на повеќе места ќе наврне  и значително количество на воден талог (над 30 литри дожд), во регионот  и многу повеќе, па така не се исклучува можноста за локални поројни поплавувања. Секако ова лошо за здравјето ќе се одрази особено врз метеопатите. Оваа нагла  и екстремна промена на времето ќе ја почувствуваат и останатите граѓани.

Втората половина од овој месец зимско време ќе има речиси во цела Европа, како и во поголем дел од Балканскиот Полуостров. Појавата на мраз низ континентот, како и на Балканот, а локално и во Македонија ќе биде честа појава во втората половина од месецов.

Мора да напоменеме дела во Алпскиот регион со овој бран се очекува  и нов снег со висина  и до околу еден метар. Појава на снег се очекува понекаде  и во градовите низ континентот, како и во регионот.

Ss1

Можете да прочитате

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија – „Бистро-Матно“

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град