Утрински Весник
Македонија

Жртва на „Беланоца-Барон“: За 10.000 евра убиле човек бидејќи се сомневале дека ги предал обвинетите во „Монструм“

Obvinitelstvo 1.jpeg

Ајдини во 2020 година беше убиен во својот дом во скопското село Инџиково со истрел во глава, по што извршителите ги отстраниле доказите од местото на злосторството и побегнале.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) денеска соопшти дека ја разбило криминалната група „Беланоца-Барон“ и поднесе обвинение за повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година, меѓу кои и за убиства.


Според прибраните докази на Обвинителството, обвинетите од оваа криминална група, меѓу другото, го убиле и Ибраим Ајдини во август 2020 година, бидејќи се сомневале дека тој ги предал Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се обвинетите за масакрот кај Смилковското Езеро што се случи во април 2012.

Убиството на Ајдини било извршено по налог на првообвинетиот од оваа криминална група, кој во име на радикално движење понудил и исплатил 10.000 евра за ликвидацијата, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“.Ајдини во 2020 година беше убиен во својот дом во скопското село Инџиково со истрел во глава, по што извршителите ги отстраниле доказите од местото на злосторството и побегнале.

Иако нема докази дека Ајдини навистина соработувал со институциите, сепак, според обвинението, сомнежот кај организаторите бил доволен мотив за убиството.

Во масакрот кај Смилковско Езеро кој се случи на Велики Четвртол, беа убиени четири момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45-годишниот Борче Стевковски од Црешево.

Извор: Инфомакс

Можете да прочитате

СДСМ: Никој повеќе не му верува на Мицкоски во Македонија, остана Орбан да го брани

СДСМ: Обвинителството се претвори во партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ

Средба на министерот Муцунски со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио