Утрински Весник
Македонија

Владата ги заостри мерките по трагедијата во „Пулс“: Забранета пиротехника и одземени над 160 лиценци

Mm1.jpg

Една година по трагедијата во кочанската дискотека, Владата известува за засилени инспекциски надзори и законски измени со цел да се спречи повторување на ваков настан. Според портпаролката на Владата, Марија Митева, институциите го искористиле изминатиот период да ги засилат процедурите и да ја вратат функционалноста на системот.

Уште во април беа донесени законски одредби со кои се забрани употребата на пиротехнички материјали во затворени објекти како дискотеки, ноќни клубови и кабареа. Паралелно, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), заедно со други институции, спровел сеопфатна анализа за утврдување на минимално техничките безбедносни услови во објектите.


Статистиката покажува драстично зголемување на контролите. Во 2025 година биле направени над 4000 инспекциски надзори, при што се издадени над 1700 прекршочни платни налози за утврдени отстапки од законските одредби.

Одземени се над 160 лиценци, односно издадени се решенија за привремена забрана за вршење дејност.
За споредба, во 2024 година имало околу 2000 надзори и само околу 30 решенија за забрана за дејност.
Митева потенцираше дека ова не е еднократна активност, најавувајќи дека планот за 2026 година предвидува минимум еден редовен инспекциски надзор за објектите, плус вонредни контроли.

Можете да прочитате

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка