Утрински Весник
Свет

Жителите на Гренланд денеска гласаат за нов парламент

20250207114735 Big 730x400 26.webp.webp

Жителите на Гренланд, територија што е дел од Данска, но ужива автономија, денеска гласаат за нов парламент. Избирачките места ќе бидат отворени во 11 часот по Гринич и ќе бидат затворени во 22 часот.

Излезни анкети нема да има, а официјалните резултати се очекуваат на 12 март.


Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Гренланд, право на глас имаат околу 40.500 од 57.000 жители на островот. На последните општи избори во 2021 година гласаа околу 27.000 жители на Гренланд.

Во Парламентот на Гренланд има 31 место, а за мнозинство се потребни 16 пратеници.

Можете да прочитате

Опозицијата победи на изборите во Гренланд

ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина

Објавени детали од договорот меѓу Украина и САД