Утрински Весник
Македонија

Жител на Швајцарија удрил пешак и побегнал, пешакот починал

Сообраќајка на патот Штип-Неготино, сторителот побегнал, а повредил и малолетничка

Вчера вечерта во 20.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од Скопје, Џ.И.(20) од Скопје, со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака,  удрил пешакот Г.С.(54) од с.Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и  го напуштил местото.

dobivaj vesti na viber

Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Околу 21.40 часот, Џ.С. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”

Сончево и топло до 38 степени

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност