Утрински Весник
Свет

Жирафа уби шеснаесет месечно девојче во национален парк во Јужна Африка

Жирафа уби шеснаесет месечно девојче во национален парк во Јужна Африка

Шеснаесетмесечно девојче е убиено кога било нападнато и прегазено од жирафа во национален парк во Јужна Африка.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во природниот парк Кулени Фарм, кој се наоѓа на 270 километри југоисточно од пристанишниот град Дурбан, соопшти полицијата.

Ваквиот инцидент не е чест случај бидејќи жирафите обично не напаѓаат луѓе, пренесуваат медиумите.

Девојчето било пренесено во блиската лекарска ординација, каде што им подлегнало на повредите.

Мајката е префрлена во болница и е во животна опасност.

Полицијата покрена истрага за овој инцидент,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација