Утрински Весник
Свет

Жесток напад на територијата на Русија, Белгород бомбардиран со ракети

„Еуроактив“: Бугарија профитираше со извоз на оружје во Киев преку посреднинци

Руската воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород, на границата со Украина, а  повредена e една жена, соопшти  гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

dobivaj vesti na viber

„Нашата воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород. Се расчистуваат последиците на терен. Веќе е пријавено едно повредено лице. На местото на настанот е испратена брза помош“, напиша Гладков на каналот Телеграм.

Како што наведе, причинета е штета и на два станбени објекти.

Гладков не кажа кој ги испукал ракетите, но во претходните случаи ги обвинувал украинските сили од другата страна на границата, потсетува Ројтерс.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот