Утрински Весник
Магазин

Жерар Депардје нападна познат фотограф во Рим

Rino Y Gerard 7552672 20240521105916.jpg
Dik 300x250 mk

Францускиот актер Жерар Депардје е обвинет за напад на познатиот италијански фотограф Рино Барилари пред „Хари бар“ на познатата Виа Венето во Рим.

Актерот ручал со пријателите во ресторан во Рим кога го фотографирал папарацо Барилари, кој во римските новинарски кругови е познат како „кралот на папараците“.

Што точно се случило се уште не е познато, но точно е дека и актерот и фотографот поднеле кривична пријава.

Како што изјави адвокатот на Барилари, партнерката на Депардје, Магда Ваврушова, која седела на масата, скокнала и почнала да го удира фотографот, а во тепачката се вклучил и Депардје.

Полицијата потврди за Си-Ен-Ен дека „локален фотограф“ поднел жалба во врска со инцидентот во барот „Хари“, но не ги откри имињата на вклучените во тепачката.

Можете да прочитате

Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

Денес размислете рационално: Дневен хороскоп (06.11.2025)

Денеска се празнува Светиот маченик Арета