Утрински Весник
Македонија

Жена од Тетово фатена со фалсификувана возачка дозвола на автопат Тетово-Гостивар

1707834244 vozackadozvola.jpg

Рано утрово на автопатот Тетово-Гостивар, кај наплатната станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, при сообраќајна контрола, ја лишиле од слобода А.М.(21) од тетовско Желино, која управувала моторно возило.

При преглед на возачките документи, таа доставила возачка дозвола за која постои основано сомневање дека е фалсификувана.

А.М. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Зајакната акциска контрола на МВР – санкционирани 60 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото

Пронајдени 32 пакувања марихуана во пратка за затвореник во „Идризово“