Утрински Весник
Македонија

Жена од Штип измамена за 2.600 евра

Evra.webp.webp

На  28.01.2026  во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Повредени малолетнички при пад од електричен тротинет

Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патничко и товарно возило

Јаневска: Како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост