Утрински Весник
Балкан

Жена од Македонија загина во сообраќајна несреќа во Будва

Crna Gora.jpg

Будва, Црна Гора – O.П. (73), државјанка на Македонија, го загуби животот викендов во сообраќајна несреќа што се случи на територијата на црногорскиот град Будва.

Според првичните информации, истрагата ја води сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва, по налог на Основното државно обвинителство. Телото на жртвата е испратено на обдукција за утврдување на точните причини за смртта.

Возачот кој го управувал возилото е приведен и се очекува натамошна постапка од страна на надлежните органи.

Оваа трагедија ги потресе жителите на Будва

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград