Утрински Весник
Македонија

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи

Pari Plik.jpg

СВР Тетово информира дека е поднесена кривична пријава против Ј.Ш.(43) од Кочани, која се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Имено, како што велат од МВР, во текот на 2022 година, тетовец ѝ исплатил 45.000 денари на пријавената, која го довела во заблуда дека ќе му помогне да добие странски документи.

На крајот тој останал и без парите, и без ветените документи, по што случајот го пријавил во полиција.

Можете да прочитате

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси, но ценовниот удар е неизбежен

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите се само одложени

Ранѓеловиќ: Македонија треба да биде повнимателна во новиот мултиполарен свет