Утрински Весник
Македонија

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Foto 4.jpg

Генералниот сектетар на НАТО, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска Давкова нагласи дека Алијансата не е директно вклучена во последните случувања на Блискиот Исток, но напомена дека НАТО ќе го одбрани секој дел од територијата на земјите-членки.

Нашите воени команданти секојдневно работат на ова и имаат пристап од 360 степени земајќи ја предвид секоја закана, нагласи Руте одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква е позицијата на НАТО по последните случувања на Блискиот Исток и каков може да биде одговорот на Алијансата доколку дојде до ескалација на состојбата. 


-НАТО не е вклучен, но да бидеме јасни што се случува. Иран има капацитети за користење на проектили, што е  опасност не само за регионот на Блискиот Исток, туку е опасност и за нас во Европа. Знаеме дека Иран е извезувач на хаос и тоа го прави со децении преку терористички напади, обиди за атентати. Можам да ви кажам од моето лично искуство дека многу лица се во опасност од иранскиот режим. И зборувам тука за режимот, не за луѓето, но НАТО не е вклучен. Можам да ве уверам дека НАТО ќе го одбрани секој дел од својата територија. Нашите воени команданти секојдневно работат на ова и имаат пристап од 360 степени земајќи ја предвид секоја закана, нагласи Руте.

Тој истакна дека тоа што треба да се земе предвид е дека кампањата на САД и Израл е насочена кон нуклеарните капацитети на Иран и додаде дека иранскиот духовен лидер, Али Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелските воздушни напади е потенцијално одговорен за 10.000 смртни случаи, поради иранскиот режим, против кој, луѓето протестираат.

-Затоа мислам дека сите сме во подобра ситуација со тоа што тој веќе не е тука, како и со намалувањето на нуклеарните капацитети во моментот, рече Руте.

Во врска со тоа дали во НАТО постои единство за случувањата, Руте напомена дека ова е кампања што ја води САД и Израел, но многу сојузници даваат поддршка, што не е дел од кампањата, туку повеќе логистика.

-И тоа што го гледаме е дека многу сојузници даваат значајна поддршка, што не е дел од кампањата, туку во однос на пристап, логистика. На пример во Шпанија веќе 10 години се бранат интересите. Сето ова се примери за тоа како НАТО колективно, но секако и поединечните сојузници ја користат можноста да ги стават базите на располагање. Разговарав со многу лидери за време на викендот и оваа измината недела и чувствувам дека отстранувањето на нуклеарните капацитети и балистичките проектили и исто така Хамнеи е нешто што е поддржано од сите мои колеги во НАТО, рече Руте. 

Можете да прочитате

Пожар во импровизиран објект во Скопје

Скопјaнец со над 2,2 промили алкохол возел низ Струга

Две тешки сообраќајки во Тетовско – осум повредени, двајца возачи уапсени