Утрински Весник
Скопје

Зградата на МНР осветлена во сино, по повод 75 години од формирањето на НАТО

Mnr Po Povod Nato.jpg

Зградата на МНР вчера и денес е осветлена во сино по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на Алијансата, како и одржувањето на НАТО Самитот во Вашингтон.

„Република Македонија е кредибилен НАТО сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност. Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет“, информираат од МНР.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Голема змија долга околу еден метар преминува улица кај кулите „Џевахир“

Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Отворени три јавни повици за создавање на програмата „Скопје 2029 – Европска престолнина на културата“