Утрински Весник
Македонија

Зголемено ниво на реките, утре локален дожд

Vardar.webp.webp

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црна Река кај Новаци, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостоите на Охридското и Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамки на просекот.

Според прогнозата на УХМР, утре ќе има локани врнежи од дожд кои ќе се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Можете да прочитате

Филипче: Каде заврши милијардата евра од унгарскиот заем со кинески пари

Сообраќајна незгода во строгиот центар на Скопје, повреден мотоциклист

Загрижувачка здравствената состојба на Стевчо Јакимовски – по три операции направени се уште е во болница