Утрински Весник
Македонија

Зголемени цените на услугите за копнен превоз и цевководен транспорт

Uslugi 413251.jpg

Цените на услугите во одделот Услуги за копнен превоз и цевководен транспорт во второто тримесечје од 2024 година пораснале за 1,9 отсто во споредба со второто тримесечје од 2023 година.

Како што информира Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024, во споредба со второто тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 1,9 проценти.

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 1,9 отсто, а кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти.

Во истиот период цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 1,1 отсто во одделот Телекомуникации.

Можете да прочитате

Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова носи пообилни врнежи од петок

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ