Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 6 степени ја стресе Индонезија

Zemjotres 1.jpg

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 17 часот и 54 минути на територијата на Индонезија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.


Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Да потсетиме, минатата недела во Мјанмар беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.

Импресум
Наш тим
Privacy Policy
© Copyright – ТВ21

notification icon

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела