Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините

Zemjotres.jpg

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди филипинските острови Лејте, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека се очекуваат последователни потреси и дека земјотресот најверојатно предизвикал штета.

Филипинскиот архипелаг се наоѓа во таканаречениот „огнен прстен“, каде често се појавуваат вулкански активности и земјотреси.

Можете да прочитате

САД ги запреа полетувањата по дефект во системот за контрола на летање

Авионскиот сообраќај во САД во прекин: Стопирани полетувањата низ целата земја

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта