Утрински Весник
Балкан

Земјотрес регистриран во Словенија – 24info.mk

Zemjotres.png

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна средина (АРСО).

Земјотресот е регистриран во 3 часот и 37 минути.

„Проценуваме дека интензитетот на земјотресот не го надмина петтото ниво од европската макросеизмичка скала“, се додава во соопштението.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на осум километри југозападно од Шкофја Лока, во словенечката област Горењска.

Засега нема информации за евентуална штета.

Можете да прочитате

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар

Турската централна банка ги ревидираше очекувањата: Инфлацијата во 2026 година ќе достигне 28 проценти

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка