Земјотрес со јачина од 4 степени ја погоди денеска Словенија. Според Сеизмолошкиот институт (ЕМСЦ), епицентарот бил на 15 километри од Илирска Бистрица во Словенија и 23 километри од Риека во Хрватска.
Дека земјотресот бил силен сведочат и граѓаните.
– Се чувствуваше силно. Како да се отвора земјата. Страшно чувство. Не се сеќавам кога било толку јако. Се исплашивме.
– Два силни, брзи удари, како да има експлозија. Не беше многу пријатно. Прозорците се тресеа, се чувствуваше благо лулање на облакодерот… Прилично силно тресење и како да грмеше од длабочините на земјата.
– Го почувствував и во Кастава во Хрватска. Многу силен земјотрес, се слушнаа тресење на прозорците.
– Седев на каучот во хрватската населба Омисаља, кога наеднаш почувствував вибрации. Ништо не беше оштетено, но доволно ме исплаши.
Сеизмографите на словенечката државна мрежа на сеизмички опсерватории забележаа земјотрес со јачина од 3,9 степени во 19 часот и 34 минути. Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Јелшан, јавува Агенцијата за заштита на животната средина, јави РТВ Словенија. Растојанието помеѓу Риека и Јелшан е околу 30 километри.